EN MK

Статут дел


12.12.2022

 

НАДЗОРЕН ОДБОР ЗА КОНТРОЛА НА МАТЕРИЈАЛНО-ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ

Член 42

     За вршење на контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие се формира надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење (во понатамошниот текст надзорен одбор), составен од 3 (три) члена кои ги именува, односно расрешува основачот на јавното претпријатие според утврдена постапка по закон.

     За член на надзорниот одбор може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:

-  е државјанин на Република  Северна Македонија,

- има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на правните науки, економските науки или од областа на дејноста на јавното претпријатие и

-   во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Освен условите од ставот 2 на овој член, членовите во надзорниот одбор на јавните претпријатија треба да имаат и соодветно работно искустви и тоа:

-   еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста на јавното претпријатие, согласно Националната класификација на дејностите на Државниот завод за статистика,

- еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и

-  еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.

     Времетраењето на мандатот на членовите во надзорниот одбор на јавното претпријатие изнесува  4 (четири) години, со право на уште еден последователен мандат.

 

Член 43

     Член на надзорниот одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие.

     Секој член на надзорниот одбор, односно директорот на јавното претпријатие, се должни да го предупредат основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на надзорниот одбор

Член 44

     Заради вршење на работите на контрола надзорниот одбор за контрола може да врши испитување на лице место на сите документи и списи на јавното претпријатие.

     Членовите на надзорниот одбор за контрола можат да присуствуваат на седницата на управниот одбор и ним им се доставува покана со сите материјали што им се доставува и на членовите на управниот одбор.

   

 Член 45

     Надзорниот одбор задолжително ги прегледува тримесечните извештаи кои содржат показатели за финансиското работење, годишните сметки и извештајот за работа на јавното претпријатие и по прегледувањето му дава мислење на управниот одбор. Управниот одбор не може да ги усвои тримесечните извештаи кои содржат показатели за финансиското работење, годишните сметки и извештајот за работењето на јавното претпријатие, ако претходно не добие позитивно мислење од надзорниот одбор.

 

Член 46

 

     Надзорниот одбор задолжително се состанува најмалку четири пати годишно.

     Претседателот на надзорниот одбор на јавното претпријтие или доколку претседателот од оправдани причини не е во можност да присуствува  членот на надзорниот одбор овластен од претседателот,  е должен да присуствува на седницата на Советот на општината Струмица кога се дискутира и се одлучува за работи и документи од надлежност на надзорниот одбор на јавното претпријатие.

      Претседателот и членовите на надзорниот одбор на јавното претпријатие за секоја седница на надзорен одбор на која присуствувале имаат право на надоместок во висина до една третина од просечната нето плата на вработените во јавното претпријатие исплатена во претходната година.

     Висината на надоместокот со одлука го утврдува основачот на јавното претпријатие.

 

 

 

 

Член 47

 

     Надзорниот одбор избира претседател од редот на своите членови.

     Претседателот на надзорниот одбор ги свикува и раководи со седниците на надзорниот одбор, се грижи за извршување на актите на надзорниот одбор и врши други работи со Деловникот за работа.

 

Член 48

 

     Надзорниот одбор може полноправно да работи и одлучува доколку се присутни повеќе од половината членови на Надзорниот одбор.

      Одлуките на Надзорниот одбор се сметаат за донесени ако за нив гласале повеќе од половината од вкупниот број на  членови на Надзорниот одбор.

      Секој член на Надзорниот одбор има право на еден глас.

 

Член 49

 

     Член на надзорниот одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие.

     Секој член на надзорниот одбор, односно директорот на јавното претпријатие, се должни да го предупредат основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на надзорниот одбор.

 

Член 50

 

     Директорот, членовите на управниот одбор и  членовите на надзорниот одбор, ако извршат, односно донесат одлука за која знаеле или за кој со оглед на околностите, морале да знаат дека ги повредуваат интересите на јавното претпријатие, одговараат неограничено и солидарно за штетата настаната со извршувањето на таквите одлуки.

     Одговорноста се утврдува согласно одредбите од Законот за трговски друштва кои се однесуваат на органите за управување.

 

  1. РАКОВОДНИ СЛУЖБЕНИЦИ

Член 51

    Раководни службеници се службеници со посебни овластувања и одговорности.

    Раководни службеници се избираат и разрешуваат во согласност со закон.

 

Член 52

     Раководните службеници ја водат и организираат работата во рамките на добиените овластувања и ги спроведуваат налозите, упатствата и наредбите на директорот на претпријатието.

     Раководните службеници се одговорни за резултатите и законитоста на работењето на организационите единици.

     Условите за избор, овластувањата и одговорностите на раководни службеници, како и описот на работните обврски се утврдуваат со Правилникот за внатрешна организација и Правилникот за систематизација на работните места на претпријатието.

 

  1. ПОМОШНИ ОРГАНИ И ТЕЛА

Член 53

     За успешно функционирање на јавното претпријатие, како и за остварување на одредени права, обврски и одговорности на работниците, по потреба може да се формираат постојани и привремени комисии и работни тела.

         Комисиите и работните тела ги формира управниот одбор и директорот на јавното претпријатие , секој во доменот на своите надлежности и овластувања.

          Надлежноста, начинот на работа и другите прашања во врска со комисиите и работните тела се уредуваат со одлука за нивно формирање.

 

  1. ОПШТИ АКТИ НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ

                                                                       Член 54

     Општи акти на јавното претпријатие се:

          1.Статут;

          2.Правилник за внатрешна организација;    

          3.Правилник за систематизација на работните места;

  1. Правилник за плати на вработените во ЈП Паркиралишта Струмица;
  2. Правилник за формата и содржината на јавниот оглас за вработување и интерниот оглас за унапредување, начинот на поднесување на пријавата за вработување и унапредување, начинот на споведување на селекцијата за вработување и за унапредување, како и начинот на бодирањето за давателите на јавни услуги;
  3. Правилник за начинот на водење на дисциплинска постапка против вработен- давател на јавна услуга во ЈП Паркиралишта Струмица;
  4. Правилник за критериуми за спроведување на оценувањето на давателите на јавни услуги и мерките  за одличен и слаб ефект;
  5. Правила за работен ред и дисциплина
  6. Колективен договор на претпријатието;

          10.Правилник за заштита при работа и

          11.Други акти во согласност со закон.

     Статутот е највисок акт на јавното претпријатие.

     Сите други акти на јавното претпријатие мораат да бидат во согласност со законските прописи и одредбите од овој статут.

Член 55

     Во јавното претпријатие директорот и управниот одбор согласно своите овластувања и надлежности може да донесат и други општи акти во согласност со законските прописи и одредбите на овој статут.

 

 

XII. РАБОТЕЊЕ НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ    

XII.1 Имот и средства на јавното претпријатие   

                                                                    Член 56

     Имотот на јавното претпријатие го сочинуваат сите објекти,средства, пари и права со кои располага јавното претпријатие.

     Јавното претпријатие работи со  број на жиро сметки колку што му се потребни за остварување на своите функции.

                                                                    Член 57

    Средствата за работа на јавното претпријатие се обезбедуваат од:

-Приходи кои ги остварува јавното претпријатие;

-Буџетот на Општина Струмица;

-Кредитни средства;

-Донации, проекти и други извори на средства во согласност со Законот,Одлуките на Советот на oпштина Струмица и другите акти на основачот.

                                                                     Член 58

     Јавното претпријатието, согласно принципите на транспарентост во финансиските односи има обврска да доставува тримесечни извештаи до Советот на oпштина Струмица, кои содржат показатели за финансиското работење.

Финансиските извештаи треба да бидат презентирани согласно меѓународните сметководствени стандарди на јавниот сектор.

 

XII.2 Програма за работа и развој на јавното претпријатие

                                                                    Член 59

     За позитивното работење и развој на јавното претпријатие, односно за обезбедување на трајно и континуирано вршење на дејноста,квалитетот на услугите и зголемување на успешноста во работењето, управниот одбор донесува Програма за работа и развој на јавното претпријатие на предлог на директорот.

    Советот на општина Струмица дава согласност за Програмата за работа и развој.

    За реализација на Програмата за работа и развој на јавното претпријатие одговорен е Директорот на јавното претпријатие.

 

XIII. ЈАВНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО

Член 60

     Јавното претпријатие го остварува и развива  системот на информирање на корисниците  на услуги, како битна претпоставка за својата функција во комуналната дејност во општина Струмица.

     Актите кои се од значење за корисниците на услугите на јавното претпријатие се објавуваат во Службен гласник на општина Струмица.

    Јавното претпријатие е должно за својата работа, работење и развојни програми редовно да ја информира јавноста преку средствата за јавно информирање и на друг соодветен начин.

 

Член 61

     Јавното претпријатие е должно редовно, навремено, целосно и вистинито да ги информира вработените во јавното претпријатие за сите прашања кои се важни за работата и развојот на јавното претпријатие, како и за остварување на нивните права.

     Вработените во јавното претпријатие се информираат преку огласна табла и други форми на информирање.

 

XIV. ДЕЛОВНА ТАЈНА

 

Член 62

     За деловна тајна се сметаат податоците што надлежен орган ги прогласил за деловна тајна и што како доверливи, јавното претпријатие ги соопштило на надлежниот орган.

     Податоците што се сметаат за деловна тајна можат да се соопштат на трети лица, само врз основа на одлука на управниот одбор на јавното претпријатие.

     Не се смета за повреда на деловна тајна,ако податоците или документите за деловна тајна се соопштат на органи, организации или лица на кои им се соопштува согласно законските прописи и на седница на управниот одбор, ако таквото соопштение е неопходно за вршење на дејноста.

Член 63

    Податоците што претставуваат деловна тајна се чуваат одвоено од останатата документација на јавното претпријатие.

    Податоците што претставуваат деловна тајна, дозволено е да се користат од овластени лица само во просториите на јавното претпријатие.

    Повредата на деловна тајна претставува потешка повреда на службена должност, работна дисциплина и угледот на претпријатието и истото повлекува кривична и дисциплинска одговорност за сторен дисциплински престап.

 

  1. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

 

Член 64

     Општите акти утврдени со овој статут ќе се усогласат и донесат во рок од 6 ( шест) месеци од влегувањето во сила на овој статутот.

 

Член 65

     До усогласувањето, односно донесување на општите акти од член 64 од овој статут, ќе се применуваат општите акти кои се во важност, доколку не се во спротивност со овој статут.

 

Член 66

     Со денот на влегување во сила на овој статут престанува да важи Статутот на ЈП паркиралишта Струмица-Струмица (Пречистен текст)  бр.01-357/1 од 05.06.2015 година.

 

Член 67

     Овој Статут влегува во сила и ќе се применува по добивање на согласност од Советот на Општина Струмица.

      По добивање на согласноста, Статутот да се објави на огласната табла на јавното претпријатие.                         

 

 

 

                                                                                                       Управен одбор на

                                                                                             ЈП Паркиралишта Струмица

                                                                                                         Претседател

                                                                                                         Ѓорги Стојков