EN MK

Одлука за цени зонско


02.09.2024

 

 

     Врз основа на член 19 став 2 точка 7  од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22 и 274/22) и член 33 став 2 точка 10 од Статутот на ЈП Паркиралишта Струмица- Струмица со бр.01-720/1 од 18.08.2022 година,  Управниот одбор на ЈП Паркиралишта Струмица- Струмица на седница одржана на ден 13.08.2024 година донесе:

 

О  Д  Л  У  К  А

за утврдување на ценовникот на услугите на ЈП Паркиралишта Струмица

 

 

Член 1

 

     Со оваа Одлука се утврдува ценовникот на услугите на ЈП Паркиралишта Струмица за паркирање на патнички моторни возила на јавните паркиралишта од значење за Општина Струмица со кои стопанисува ЈП Паркиралишта Струмица согласно Одлуката за  определување на зонско паркирање  на подрачјето на град Струмица со бр. 07-791/1 од 31.01.2014 година, Одлуката за дополнување на Одлуката за  определување на зонско паркирање  на подрачјето на град Струмица со бр.08-5020/1 од 15.06.2015 година, Одлуката за дополнување на Одлуката за  определување на зонско паркирање  на подрачјето на град Струмица со бр.08-6585/1 од 31.08.2015 година, Одлуката за дополнување на Одлуката за  определување на зонско паркирање  на подрачјето на град Струмица со бр.08-9811/1 од 30.12.2015 година, Одлуката за дополнување на Одлуката за  определување на зонско паркирање  на подрачјето на град Струмица со бр.08-2513/1 од 29.04.2021 година и Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за  определување на зонско паркирање  на подрачјето на град Струмица со бр.08-6933/1 од 24.08.2023 година донесени од Советот на општина Струмица.

 

Член 2

 

     Цената на услугата за паркирање на патнички моторни возила на јавните паркиралишта што се наоѓаат на самите магистрални и собирни улици (коловоз, тротоар, заштитен појас) како и улиците што гравитираат кон нив или надвор од површините опфатени со тие улици, утврдени и дефинирани со посебни проекти одобрени од Совет на Општина Струмица, (зонско паркирање), согласно член 2, член 3, член 4 и член 5 од Одлуката за  определување на зонско паркирање  на подрачјето на град Струмица, а кои ги стопанисува ЈП Паркиралишта Струмица, по зони и во град Струмица изнесува:

УСЛУГА

Зона А

Зона Б

Зона Ц

 
 

Паркирање (Денари/Час)

50

30

 

 
 

Месечна претплата за физички и правни лица

4600

3100

 

 
 
 

Годишна претплата за физички и правни лица

36000

24000

 

 
 
 

Месечна претплата за резервирано паркинг место за физички и правни лица

4800

3600

 

 
 
 
 

Годишна претплата за резервирано паркинг место за физички и правни лица

48000

36000

 

 
 
 
 

 Месечна претплата за повластено паркирање на станари(жители на о.Струмица) за прво/второ возило

0/400

 

 
 
 
 

 Месечна претплата за повластено паркирање на станари(жители на о.Струмица) за прво/второ возило со

странска регистерска табла

400/800

 

 
 
 
 

Месечна претплата за повластено паркирање на правни субјекти за прво/второ/трето возило

1200/2400/3600

 

 
 
 
 

Месечна претплата за користење на сите површини во зона А и зона Б наменети за паркирање

 

5200

 

 
 
 
 

Годишна претплата за користење на сите површини во зона А и зона Б наменети за паркирање

49500

 

 
 
 
 

 

Месечна претплата за вработен кај правен субјект кој со своето седиште гравитира на јавната површина наменета за паркирање

 

 

 

600

 

 

 
 
 
 

Доплатна карта за пречекорување на дозволеното време за паркирање/нерегулирано паркирање

1500

 

 
 
 

Доплатна карта за паркирање на место за лица со посебни потреби

4000

 

 
 
 
 

 

 

Член 3

 

           Целосно се ослободуваат од плаќање на услугите за користење на јавните паркиралишта, лицата со инвалидитет со признато оштетување со дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална паразилза, параплегија, хемиплегија, квадриплемија, детска парализа (полиомиелитис), слепите лица со оштетување  на видот над 90%, глувите лица со оштетување на слухот над 90 %, лица на дијализа и лица со ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од над 80% утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.

           Дозволата за користење на јавните паркиралишта кои ги одржува и користи ЈП Паркиралишта Струмица на лицата од став 1 на овој член, им се издава бесплатно.

           Паркинг-местата наменети за паркирање на лицата со инвлаидитет се посебно означени со хоризонтална и вертикална сигнализација.

 

Член 4

 

      Со стапување во сила на оваа Одлука престанува да важи  Одлуката за утврдување на ценовникот на услугите на ЈП Паркиралишта Струмица со бр.02-601/3 од 04. 09.2014 година.

Член 5

 

    Оваа Одлука да се достави до Советот на Општина Струмица за давање согласност.

 

Член 6

 

    Оваа Одлука влегува во сила по добивањето согласност од страна на Советот на Општина Струмица, а ќе отпочне да се применува од 1 октомври 2024 година.

 

 

 

 

                                                                                              Претседател на Управниот одбор на

                                                                                                       ЈП Паркиралишта Струмица

                                                                                                                   Миле Стојменов