Шестмесечен извештај за работа од 01.01.2026-30.06.2026
31.07.2026
ЈП ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА-Струмица
(Одделение за јавно осветлување)
ИЗВЕШТАЈ
Општина Струмица е основач и сопственик на јавното претпријатие ЈП Паркиралишта Струмица - Струмица и ги има сите права и обврски кои произлегуваат од Законот и другите прописи.
Јавното претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори се основа заради вршење на дејност од јавен карактер.
Јавното претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори “Паркиралишта Струмица”- Струмица е основано со Одлука на Совет на Општина Струмица бр.07-436/1 од 31.01.2008 година, а запишано е во Централниот регистар на Република Македонија.
Претпријатието е правно лице кое врши дејност од јавен интерес од областа на сообраќајот, јавно осветлување, погребни и комунални дејности како стопанска дејност од јавен интерес за општина Струмица. Како една од дејностите на Претпријатието е:
- 43.21 Електроинсталатерски работи
- улично осветлување и електрични сигнали
Заради остварување на својата претежна дејност Претпријатието ги врши следните активности:
Претпријатието дејноста од јавен интерес ја врши трајно и без прекин и неговата работа е јавна и транспарентна, во согласност со Законот, овој Статут и другите прописи со кои се уредуваат условите и начинот на вршење на дејноста од јавен карактер.
Претпријатието работи во склад со постоечкиот и важечки Статут. По наведениот Статут и важечкиот правилник за систематизација на работни места, одделението за јавно осветлување го сочинуваат:
Квалификациона структура во одделение за јавно осветлување:
Ниво квалификација VII 1 ………………………………….. 1 извршител
Ниво квалификација III ……………………………………....2 извршители
ВКУПНО: 3 извршители
Сите 3 извршители се вработени на неопределено време.
Оперативната екипа во одделението за јавно осветлување при ЈП Паркиралишта Струмица-Струмица е опремена со лични и групни алати како и уреди кои се неопходни за извршување на работните задачи како што се: електричарски алати, електропневматска машина, сигурносни појаси, заштитни ракавици, рачни алатки за ископ и сл..
Одделението за јавно осветлување поседува специјално возило(платформа) марка Nissan Cabstar со хидрауличен систем на платформата марка Multitel кое возило е неопходно за извршување на работните задачи при одржување на јавното осветлување
Одржувањето на јавното осветлување на територијата на општина Струмица опфаќа околу 5500 расветни тела. Нивото на осветленост на поединечни сообраќајници, плоштади, шеталишта, паркови, урбана средина, рурална средина и покрај значителното подобрување во последните години, може и да се модернизира, се со цел да се подобрат светлотехничките карактеристики заради зголемување на безбедноста на мешовитиот сообраќај.
Таковното одржување на јавното осветлувањесе состои од следното:
Во периодот јануари-јуни односно во периодот од 01.01.2026 до 30.06.2026, одделението за јавно осветлување при ЈП Паркиралишта Струмица-Струмица оствари вкупно 288 технички интервенции од кои 224 интервенции се извршени во градот Струмица, додека 64 интервенции се извршени во населените места.
Во прилог се дадени интервенциите низ населените места во Општина Струмица за извештајниот период од 01.01.2026 до 30.06.2026:
|
ЈАНУАРИ |
ФЕВРУАРИ |
МАРТ |
|||
|
Нас.место |
Број на интервенции |
Нас.место |
Број на интервенции |
Нас.место |
Број на интервенции |
|
Просениково |
1 |
Просениково |
3 |
Куклиш |
2 |
|
Г.Балдовци |
1 |
Дабиле |
2 |
Водоча |
1 |
|
Добрејци |
1 |
Добрејци |
2 |
Добрејци |
2 |
|
Попчево |
1 |
Муртино |
2 |
Банско |
1 |
|
Муртино |
2 |
Габрово |
1 |
Костурино |
1 |
|
Дабиле |
1 |
Банско |
1 |
Г.Балдовци |
1 |
|
Струмица |
15 |
Попчево |
1 |
Рич |
1 |
|
/ |
/ |
Костурино |
1 |
Баница |
1 |
|
/ |
/ |
Вељуса |
1 |
Струмица |
52 |
|
/ |
/ |
Водоча |
1 |
/ |
/ |
|
/ |
/ |
Г.Балдовци |
1 |
/ |
/ |
|
/ |
/ |
Струмица |
61 |
/ |
/ |
|
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
|
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
|
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
|
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
|
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
|
ВКУПНО |
22 |
ВКУПНО |
77 |
ВКУПНО |
62 |
|
АПРИЛ |
МАЈ |
ЈУНИ |
|||
|
Нас.место |
Број на интервенции |
Нас.место |
Број на интервенции |
Нас.место |
Број на интервенции |
|
Муртино |
2 |
Попчево |
1 |
Просениково |
2 |
|
Сачево |
2 |
Куклиш |
2 |
Куклиш |
2 |
|
Вељуса |
1 |
Добрејци |
2 |
Попчево |
1 |
|
Добрејци |
2 |
Г.Балдовци |
1 |
Сачево |
1 |
|
Свидовица |
2 |
Костурино |
1 |
Рич |
1 |
|
Баница |
1 |
Свидовица |
1 |
Добрејци |
1 |
|
Дабиле |
2 |
Вељуса |
2 |
Костурино |
1 |
|
Струмица |
38 |
Струмица |
17 |
Струмица |
41 |
|
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
|
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
|
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
|
ВКУПНО |
50 |
ВКУПНО |
27 |
ВКУПНО |
50 |
Во извештајниот период од 01.01.2026 до 30.06.2026 година, постапувајќи по барањата за сервисирање на јавното осветлување, одделението за јавно осветлување постави вкупно 942 светилки, 400 метри кабел X00 A 2x16mm2, и 182 броја на елементи за улично осветлување како што се (осигурувачи, затеги, спојници, св.арматури, фотореле, контактори, изолир трака и сл.) Од поставените 942 светилки сите се ЛЕД светилки. Во прилог се дадени и бројчано користениот тип на сијалици
|
ТИП НА СИЈАЛИЦА |
БРОЈ НА ПОСТАВЕНИ СИЈАЛИЦИ |
|
ЛЕД сијалица |
942 |
Специјалното возило (платформа) кое служи за извршување на техничките интервенции на одделението за јавно осветлување во повеќе наврати се користеше и за други технички потреби за Струмичкиот карневал, за приклучување и проширување на уличното осветлување.Одделението за јавно осветлување ќе настојува и во наредниот период да го задржи и зголеми нивото на квалитетно одржување заради зголемување на безбедноста на граѓаните. Покрај тоа ќе тежи да се пружаат и други услуги заради потребен квалитет и растеретување на непотребни финансиски трошоци.