Ценовник хоризонтална сигнализација
08.05.2026
Врз основа на член 19 став 2 точка 7 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24 и 193/25) и член 33 став 1 алинеја 10 од Статутот на ЈП Паркиралишта Струмица- Струмица со бр.01-720/1 од 18.08.2022 година, Управниот одбор на ЈП Паркиралишта Струмица- Струмица на седница одржана на ден 07.05.2026 година донесе:
О Д Л У К А
за усвојување на Ценовникот на ЈП ,, Паркиралишта Струмица “ Струмица за обележување на хоризонтална сигнализација на подрачјето на Општина Струмица
Член 1
Со оваа Одлука се усвојува Ценовникот на ЈП ,,Паркиралишта Струмица” Струмица за обележување на хоризонтална сигнализација на подрачјето на Општина Струмица.
Член 2
Утврдените цени во Ценовникот се без пресметан ДДВ од 18 %.
Член 3
Оваа Одлука да се достави до Советот на Општина Струмица за давање согласност.
Член 4
Оваа Одлука влегува во сила по добивањето согласност од страна на Советот на Општина Струмица.
Член 5
Со донесување на оваа Одлука престанува да важи Одлуката за утврдување на висината на цената за услугата обележување на хоризонтална сигнализација на подрачјето на Општина Струмица со бр. 02-990/1 од 28.12.2016 год.
Управниот одбор на
ЈП Паркиралишта Струмица
Претседател
Васко Василев
Врз основа на член 19 став 2 точка 7 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24 и 193/25) и член 33 став 1 алинеја 10 од Статутот на ЈП Паркиралишта Струмица- Струмица со бр.01-720/1 од 18.08.2022 година, Управниот одбор на ЈП Паркиралишта Струмица- Струмица на седница одржана на ден 07.05.2026 година, утврди
ЦЕНОВНИК НА ЈП ,,ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА” СТРУМИЦА
ЗА ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ХОРИЗОНТАЛНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА СТРУМИЦА
Член 1
Со овој Ценовник се утврдуваат цените на услугите за обележување на хоризонтална сигнализација на подрачјето на општина Струмица што ги врши ЈП „Паркиралишта Струмица” Струмица (во натамошниот текст: цени на услуги).
Член 2
Единечните цени на услугите од член 1 на овој Ценовник се однесуваат на работната услуга за обележување машински или рачно и се следните:
|
Ред. број |
Назив на услугата |
Единечна мера |
Цена без ДДВ во денари |
|
1. |
Обележување на хоризонтална сигнализација на асфалтни површини (пешачки премин и стоп линии) |
м2 |
100 |
|
2. |
Обележување на хоризонтална сигнализација на асфалтни површини (ознаки-стрелки) |
м2 |
400 |
|
3. |
Обележување на хоризонтална сигнализација на асфалтни површини (текст-ШКОЛО, СТОП, БУС, ТАХИ и др.) |
м2 |
500 |
|
4. |
Обележување на хоризонтална сигнализација на асфалтни површини (штрафирани површини) |
м2 |
200 |
|
5. |
Обележување на хоризонтална сигнализација на асфалтни површини (полни линии, испрекинати линии и разделени линии) |
м |
16 |
|
6. |
Обележување на ивичнаци |
м |
50 |
|
7. |
Изработка на пешачки премини и стоп линии со двокомпонентна ладна пластика со слој од 2-3 мм |
м2 |
250 |
Сите горенаведени цени во овој ценовник се цени во кои не е пресметан ДДВ од 18%.
Член 3
Ценовникот влегува на сила по добиената согласност од страна на Советот на Општина Струмица и ќе се објави во „Службен гласник на Општина Струмица”.
Управниот одбор на
ЈП Паркиралишта Струмица
Претседател
Васко Василев