EN MK

Шест месечен извештај


20.07.2018

 

 

Јавно претпријатие

"Паркиралишта Струмица" Струмица

 

ул: Боро Џони бр. 10

Струмица 2400

) 034/343-787   e-mail:parkiralista_strumica@yahoo.com

 

 

ИЗВЕШТАЈ

За работата на ЈП Паркиралишта Струмица- Струмица за период

 од 01.01.2018 до 31.06.2018 година

 

 

 

 

 

 

                                                                          

Струмица, 2018

 

 

 

 

 

 

 

 

Општи информации

 

      Јавното претпријатие за изградба,одржување и користење на јавни паркинг простори  е основано од Советот на општина Струмица со цел на систематски начин да се реши проблемот со паркирање на моторни возила во градот Струмица со што би се овозможило  слободен и безбеден проток на возила и луѓе по улиците и тротоарите во градот Струмица. Дополнително Советот на општина Струмица на седницата одржана на 12.07.2013 даде согласност за проширување на дејноста на Јавното претпријатие и во делот на уличното осветлување.

 

      Седиштето на претпријатието е на улица „Боро Џони“ бр. 10 во Струмица.

 

      Правната основа за воспоставување и функционирање на Јавното претпријатие е дефинирана со следниве законски прописи:

 

  1. Закон за Јавни претпријатија;

 

  1. Закон за Локална самоуправа;

 

  1. Закон за Безбедност во сообраќајот;

 

  1. Закон за Заштита и унапредување на животната средина;

 

  1. Одлука за одржување на јавниот простор за паркирање и начинот на негово користење на град Струмица

 

  1. Одлука за јавните паркиралишта од значење на Општина Струмица

 

  1. Одлука за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица

 

  1. Статутот на Претпријатието и правилниците донесени од Управниот одбор и Директорот

 

      Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ - Струмица има својство на правно лице со права, обврски  и одговорности утврдени  со Закон, Статут на претпријатието и актите за организирање на Јавното претпријатие. Истото во правниот промет со трети лица настапува во свое име и за своја сметка  и за обврска одговара со сите средства-целосна одговорност

 

                                                                                                                                                                                  

Организациска поставеност на претпријатието     

 

 Органи на претпријатието се:

 

  •    Управен одбор кој брои 5 члена избрани од основачот на препријатието;

 

  • Надзорен одбор за контрола на материјално-финансово работење кој брои 5 члена избрани од основачот на претпријатието и

 

  • Директор.

 

      

 

Управниот одбор како орган на управување во Ј.П. „Паркиралишта Струмица“ - Струмица работи со одржување на седници на кои се донесуваат Одлуки, Програма за работа на претпријатието и извештај за работата согласно Статутот на претпријатието.

 

      Претпријатието го застапува и претставува Директорот на претпријатието.

 

      Средствата за вршење  на својата дејност Ј.П. „Паркиралишта Струмица“ -Струмица во извештајниот период ги остваруваше преку подигање на неправилно запрени  и паркирани возила, наплата за користење на јавните паркинг простори, одржување на уличнното осветлување, одржувањето на хоризонталната сигнализација и други услуги.

                                                                                                                   

      Согласно Статутот, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ -

Струмица е составено од четири одделенија:

 

  • Одделение за паркиралишта;
  • Одделение пајак;
  • Одделение за администрација;
  • Одделение јавно осветлување

 

 

 

                  

 

 

Дејности по одделенија во ЈП Паркиралишта Струмица

 

Делокругот на работењето на јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ги опфаќа организирањето, наплатата и регулацијата на паркирањето во градот Струмица, како и тековното одржување на јавно осветлување и хоризонталната сигнализација на територијата на општина Струмица.

 

 Јавни паркиралишта                                                                   

 

Со интензивирање на организирањето на паркинг просторите во градот Струмица преку воведувањето на системот на зонското паркирање, јавното претпријатие на граѓаните на општина Струмица како и на посетителите на нашиот град им овозможи да се справат со растечката потреба од паркинг место и сложената мобилност на сообраќајот во мирување и се потруди брзо и економски прифатливо сите лесно да стекнат со слободно паркинг место. Со тоа значително се придонесе во процесот на намалување на опасностите во сообраќајот со кои граѓаните секојдневно се соочуваат и зголемување на безбедноста особено во централното градско подрачје.

 

 

Во период од 01.01.2018 до 30.06.2018 година, на затворениот паркинг простор под плоштад „Гоце Делчев“, кој располага со 82 паркинг места и работи 24 часа секој ден, недела и празници, се паркирале :

 

месец

Јануари

Февруари

Март

Април

Мај

    Јуни

Број на остварени паркирања

12.466

9.770

12.075

11.840

11.709

11.631

вкупно

69.491

  Табела 1. Број на паркирања во паркинг просторот под плоштад Гоце Делчев

 

      Во делот на зонското паркирање, во периодот од 01.01.2018 до 30.06.2018 година преку СМС пораки и преку греб карти/билети паркирале 66.301 корисници и тоа 52.501 преку смс и 13.800 преку греб карти  на расположливи 980 паркинг места односно истите искористиле 125.456  паркинг сесија по час (паркинг часови),

 

 

Месец

Јануари

Февруари

Март

Април

Мај

Јуни

Вкупно зa период 01.01.2018-30.06.2018

         Зона

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

Број на СМС              пораки

7.185

12.335

6.094

11.530

7.198

13.225

8.093

10.328

8.128

10.154

7.498

9.888

44.196

67.460

Број на Греб            карти

1.900

900

1.200

700

1.900

700

2.000

400

1.500

800

1.500

300

10.000

3.800

Вк.паркирања        по зони S1X/S2X

9.085

13.235

7.294

12.230

9.098

13.925

10.093

10.728

9.628

10.954

8.998

10.188

54.196

71.260

Вк. остварени паркирања

22.320

19.524

23.023

20.821

20.582

19.186

125.456

     Табела 2. Паркирања преку СМС и Греб карти за периодот од 01.01.2018 до 30.06.2018 год.

 

 

 

 

Во делот на повластеното паркирање, за месец јануари 2018 година се издадени 442 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање, од кои :

  • 316 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 30 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 300 денари месечно
  • 72 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 4 дозволи за правен субјект
  • 18 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 1 дозвола за годишна резервација во жолта зона и
  • 1 дозвола за месечна резервација во жолта зона.

 

 

 

 

 

 

За месец февруари 2018 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 464 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 325 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 37 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 300 денари месечно
  • 76 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 4 дозволи за правен субјект
  • 18 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 1 дозвола за месечна резервација во жолта зона
  • 2 дозволи за лица со хендикеп во движењето и
  • 1 месечна дозвола во зона S27.

 

За месец март 2018 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 472 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 324 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 44 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 300 денари месечно
  • 76 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 4 дозволи за правен субјект
  • 20 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 1 дозвола за месечна резервација во жолта зона  и
  • 3 дозволи за лица со хендикеп во движењето.

 

 

 

За месец април 2018 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 472 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 322 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 41 дозвола на граѓани за второ возило со износ од 300 денари месечно
  • 73 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 5 дозволи за правен субјект
  • 21 дозвола за привремена адреса на живеење
  • 2 дозволи за месечна резервација во жолта зона
  • 2 дозволи за лица со хендикеп во движењето и
  • 6 дозволи за годишна резервација во жолта зона S23.

 

 

За месец мај 2018 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 474 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 323 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 42 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 300 денари месечно
  • 73 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 5 дозволи за правен субјект
  • 24 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 2 дозволи за месечна резервација во жолта зона
  • 3 дозволи за годишна резервација во жолта зона
  • 1 дозвола за еко возило и
  • 1 месечна дозвола за S 30

За месец јуни 2018 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 466 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 324 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 37 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 300 денари месечно
  • 71 дозвола за вработени лица кај правен субјект
  • 4 дозволи за правен субјект
  • 24 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 1 дозвола за месечна резервација во жолта зона
  • 2 дозволи за лица со хендикеп во движењето и
  • 3 дозволи за годишна резервација во жолта зона.

 

         

Пајак служба                                                                    

 

Во периодот од 01.01.2018 до 30.06.2018 година во границите на зонското пакирање на подрачјето на град Струмица, за корисниците кои не го регулирале своето паркирање или пак биле непрописно паркирани,  вработените во пајак службата поставиле блокатори на тркала и на лице место наплатиле прекршок заради непрописно паркирање и тоа : јануари поставиле 260 блокатори, февруари 201 блокатор, март поставиле 237 блокатори, април поставиле 220 блокатори, мај поставиле 199 блокатори и за месец јуни поставиле 192 блокатори и наплатиле прекршок за непрописно паркирање на лице место. Вкупниот број на лице место наплатени блокатори за извештајниот период е 1.309.

 

Пајак службата при ЈП„ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ – Струмица, во периодот од 01.01.2018 до 30.06.2018 година, ја продолжи соработката со сообраќајниот сектор при СВР Струмица и со комуналните инспекциски служби при општина Струмица, каде по нивен повик и налог за подигање, кој се дава од униформиран полициски службеник или комунален инспектор, се врши подигање или пак се поставува блокатор на тркало за неправилно запрено, т.е. непрописно паркирано возило на улица, друга јавна површина или за оставено возило на зелена површина на која се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Така за месец јануари 2018 година по повик на Полицијата биле поставени блокатори на тркало и наплатени на лице место за прекрошок на 66 моторни возила, за месец февруари Полицијата повикала пајак служба и биле поставени и на лице место наплатени 21 блокатори за сторен прекрошок при паркирање, за месец март 2018 година во соработка со Полицијата, биле поставени и на лице место наплатени 24 блокатори, за месец април 2 блокатори, за месец мај 8 блокатори и за месец јуни 2018 во соработка со Полицијата, биле поставени и на лице место наплатени 7 блокатори за тркало. Вкупно за извештајниот период со соработка на Полицијата биле поставени и наплатени на лице место 128 блокатори на тркало за сторен прекршок за погрешно паркирање.

За извештајниот период од 01.01.2018 до 30.06.2018 година во границите на зонското паркирање на подрачјето на град Струмица нема извршено подигнување на возила со пајак возилото.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Хоризонтална сигнализација                                                                            

 

 

Во склоп на одделението за јавни паркиралишта во 2015 год. се отпочна со уште една дополнителна дејност, а тоа е одбележувањето на хоризонталната сигнализација на територијата во град Струмица. Хоризонталната сигнализација зависно од  временските услови и прилики предвидено е двапати годишно да се врши преку одбележување, напролет и наесен, секако согласно приоритетите и во координација со секторот за урбанизам и комунални дејности во Општина Струмица. Под приоритети спаѓаат сите пешачки премини, осовински полни и разделни линии, стрелки и останати хоризонтални ознаки на коловозот пред сите основни и средни општински училишта, детски градинки, централното градско подрачје, меѓутоа и на целата територија на град Струмица и населените места каде има потреба од хоризонтална сигнализација, со цел да се зголеми нивото на безбедност и да се подобри сообраќајната култура кај сите учесници во сообраќајот.

Така по извршените техничко-логистички подготовки и припреми за обележување на хоризонтална сигнализација, како и според временските услови, поконкретно за месец мај се изврши обележување на 2.140 м2  и 43 специјални ознаки како ( стоп линии, ознаки SKOLO и STOP и стрелки за задолжителен правец).

 

 

Одделение за јавно осветлување

                

                                                                                 

 

 

 

Одржувањето на јавното осветлување на територијата на општина Струмица подразбира обновување и замена на прегорени светилики и елементи за нивно нормално функционирање, како и дополнување на мрежата на јавно осветлување на делови во градот и населени места, каде постои мерење а се работи за незначително проширување на мрежата и опфакање на поедини делови од улици каде нема јавно осветлување.

Замената на светилки и опремата за нормално функционирање на јавното осветлување (тековно одржување), се врши континуирано секојдневно врз основа на сопствена иницијатива, како и по барања и пријави на граѓани.        

 

           

  1. Организација и кадровска структура

Претпријатието работи во склад со постоечкиот и важечки Статут. По наведениот Статут и важечкиот правилник за систематизација на работни места, одделението за јавно осветлување го сочинуваат:

  • стручна екипа за техничко-оперативни зафати

Квалификациона структура во одделение за јавно осветлување:

Ниво квалификација VII 1 ………………………………….. 1 извршител

Ниво квалификација III ……………………………………....3 извршители

                                                                                    ВКУПНО: 4 извршители

Сите 4 извршители се вработени на неопределено време.

 

 

  1. Материјално-техничка опременост

Оперативната екипа во одделението за јавно осветлување при ЈП Паркиралишта Струмица-Струмица е опремена со лични и групни алати како и уреди кои се неопходни за извршување на работните задачи како што се: електричарски алати, електропневматска машина, сигурносни појаси, заштитни ракавици, рачни алатки за ископ и сл..

 

Одделението за јавно осветлување поседува специјално возило(платформа) марка Mercedes Sprinter 314 со хидрауличен систем на платформата марка SIMON CELLA кое возило е неопходно за извршување на работните задачи при одржување на јавното осветлување.

 

 

 

  1. Тековно одржување на јавното осветлување и светлосната сигнализација

 

3.1 Тековно одржување на јавното осветлување

 

            Одржувањето на јавното осветлување на територијата на општина Струмица опфаќа околу 4500 расветни тела. Нивото на осветленост на поединечни сообраќајници, плоштади, шеталишта, паркови, урбана средина, рурална средина и покрај значителното подобрување во последните години, може и да се модернизира, се со цел да се подобрат светлотехничките карактеристики заради зголемување на безбедноста на мешовитиот сообраќај.

Таковното одржување на јавното осветлувањесе состои од следното:

 

  • обиколка на објектите на јавното осветлување, регистрирање на дефекти како и нивно отстранување по трафо реони
  • пријава од страна на граѓани преку сервисот на Систем 48
  • обиколка на објектите на јавното осветлување, регистрирање на дефекти и нивно отстранување по основ на пријава на надлежните органи (Комунална инспекција)
  • обиколка на места со незгоди(вандализам, сообраќајка, временски неприлики и сл.)

 

            Во периодот јануари-јуни односно во периодот од 01.01.2018 до 30.06.2018, одделението за јавно осветлување при ЈП Паркиралишта Струмица-Струмица оствари вкупно 628 технички интервенции од кои 538 интервенции се извршени во градот Струмица, додека 90 интервенции се извршени во населените места.

            Во прилог се дадени интервенциите низ населените места во Општина Струмица за извештајниот период од 01.01.2018 до 30.06.2018:

 

 

 

 

ЈАНУАРИ

ФЕВРУАРИ

МАРТ

Нас.место

Број на интервенции

Нас.место

Број на интервенции

Нас.место

Број на интервенции

Банско

1

Куклиш

1

Вељуса

1

Вељуса

1

Добрејци

3

Добрејци

2

Куклиш

1

Сачево

1

Град.Балдовци

1

Костурино

1

Банско

2

Дабиле

2

Попчево

1

Дабиле

2

Куклиш

2

Град.Балдовци

1

Рич

1

Муртино

1

Просениково

1

Раборци

1

Просениково

1

Баница

1

Баница

1

Сачево

1

Габрово

1

Свидовица

1

Габрово

1

Муртино

1

Струмица

90

Струмица

106

Струмица

65

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

ВКУПНО

75

ВКУПНО

102

ВКУПНО

118

 

АПРИЛ

МАЈ

ЈУНИ

Нас.место

Број на интервенции

Нас.место

Број на интервенции

Нас.место

Број на интервенции

Банско

2

Баница

2

Банско

2

Белотино

1

Банско

3

Баница

1

Вељуса

2

Вељуса

1

Габрово

1

Габрово

2

Водоча

1

Дабиле

2

Град.Балдовци

2

Дабиле

3

Добрејци

1

Дабиле

2

Добрејци

1

Муртино

2

Добрејци

3

Куклиш

2

Попчево

1

Костурино

1

Муртино

3

Просениково

1

Куклиш

2

Попчево

1

Сачево

1

Муртино

2

Просениково

1

Струмица

109

Просениково

1

Раборци

1

/

/

Раборци

1

Сачево

1

/

/

Рич

1

Свидовица

2

/

/

Струмица

86

Струмица

82

/

/

/

/

/

/

/

/

ВКУПНО

108

ВКУПНО

104

ВКУПНО

121

 

 

 

            Во извештајниот период од 01.01.2018 до 30.06.2018 година, постапувајќи по барањата за сервисирање на јавното осветлување, одделението за јавно осветлување постави вкупно 1964сијалици, 1625 метри X00 A 2x16mm2(SKS) кабел, 100 метри PP-Y 3x2,5mm2, 300 метри PP-Y 3x1,5mm2 1017 метри PP00 4x16mm2, 100 метри PP-J 3x1,5mm2, 200 метри PP-J 3x0,75mm2 и 937 броја елементи за улично осветлување како што се(пригушници, осигурувачи, затеги, светлосни арматури, заштитни стакла, фотореле, изолир трака и сл.)

            Од поставените 1964 сијалици најголем број се економични(CFL) сијалици. Во прилог се дадени и бројчано користениот тип на сијалици.

 

 

ТИП НА СИЈАЛИЦА

БРОЈ НА ПОСТАВЕНИ СИЈАЛИЦИ

Економична

1462

Натриумова

96

Металхалогена

55

Халогена ампула

40

ЛЕД сијалица

311

ВКУПНО

1964

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

            Специјалното возило (платформа) кое служи за извршување на техничките интервенции на одделението за јавно осветлување во повеќе наврати се користеше за техничките потреби за Струмичкиот карневал, за приклучување и проширување на уличното осветлување. Одделението за јавно осветлување ќе настојува и во наредниот период да го задржи и зголеми нивото на квалитетно одржување заради зголемување на безбедноста на граѓаните. Покрај тоа ќе тежи да се пружаат и други услуги заради потребен квалитет и растеретување на непотребни финансиски трошоци.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Остварени резултати за период од 01.01.2018год. до 31.06.2018год.

 
 

Ј П ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА-Струмица

 

Р.бр

ОПИС

ЈАНУАРИ - ЈУНИ 2018 во денари

 

А

ВКУПНИ ПРИХОДИ

 

9,407,809 ден.

 

1

Приходи од редовна работа

9,388,696 ден.

 

 

1.1

Приходи од паркинг Гоце Делчев

1,702,185 ден.

 

 

1.2

Приходи од пајак служба

108,475 ден.

 

 

1.3

Приходи од улично осветлување

3,107,454 ден.

 

 

1.4

Приходи од зонско паркирање

4,238,498 ден.

 

 

1.5

Приходи од хоризонтална сигнализација

232,084 ден.

 

 

2

Останати приходи

19,113 ден.

 

 

Б

ВКУПНИ РАСХОДИ

 

 

 

а)

МАТЕРИЈАЛНИ ТРОШОЦИ

 

2,356,538 ден.

 

1

Набавна вредност на репроматеријали

2,065,585 ден.

 

 

2

Гориво

137,738 ден.

 

 

3

Резервни делови за одржување на постојаните средства

65,652 ден.

 

 

4

Канцелариски материјал

52,309 ден.

 

 

5

Потрошени останати суровини и материјали

35,254 ден.

 

 

б)

НЕМАТЕРИЈАЛНИ ТРОШОЦИ

 

2,148,685 ден.

 

1

Регистрација на возила

12,882 ден.

 

 

2

Осигурување од дејности,моторни возила и повреда при работа

55,493 ден.

 

 

3

Трошоци за телефонски услуги и интернет

99,430 ден.

 

 

4

Поштарина

4,081 ден.

 

 

5

Услуги за одржување на постојаните средства

106,300 ден

 

 

6

Дневници за службени патувања на вработените

9,200 ден.

 

 

7

Надомест на У.О. и Н.О

51,111 ден.

 

 

8

Останати услуги

177,581 ден.

 

 

9

Останати нематеријални трошоци

1,493,138 ден.

 

 

9/1

Наемнина и комунални трошоци

189,517 ден.

 

 

9/2

Одржување на софтвер за зонско паркирање

785,537 ден.

 

 

9/3

Комунална и останати такси

332,020 ден.

 

 

9/4

Други нематеријални трошоци

171,064 ден.

 

 

9/5

Трошоци за реклама

15,000 ден.

 

 

10

Репрезентаци

76,672 ден.

 

 

11

Надоместок за платниот промет

24,735 ден.

 

 

12

Парични казни и камати

38,062 ден.

 

 
         

Р.бр

ОПИС

ЈАНУАРИ-ЈУНИ 2018 во денари

 

в

БРУТО ПЛАТИ

 

4,238,753 ден.

 

1

НЕТО ПЛАТИ

2,907,177 ден.

 

 

2

ПРИДОНЕСИ ОД ПЛАТИ

1,144,478 ден.

 

 

3

ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК ОД ПЛАТИ

187,098 ден.

 

 

 

 

 

 

 

           

 

                                              ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА ОСТВАРЕНИТЕ 

                       резултати во Ј П“ ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА"-Струмица

                                за период од 01.01.2018год. до 31.06.2018год.

 

 

 

 

 

 

 

За извештајниот период  Ј П “ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА"-Струмица има остварено приходи во износ од 9.407.809,00 денари.

 

 

 

Во истиот извештаен период се направени вкупни трошоци од 8.743,976денари од кои:

 

1.Материјални трошоци во износ од 2.356.538,00 денари.

 

2.Нематеријални трошоци во износ од 2.148.685,00 денари.

 

3.Бруто плати за вработените во износ од 4.238.753,00 денари.

 

 

Односно,искажана е добивка во износ од 663.833,00 денари.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

                                                                                          Ј П" ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА"-

                                                                                                             Струмица